Висококвалитетна облека со три кожи и опрема за HTZ

Кои сме ние

Нашата приказна

Модна конфекција Супер Хит 1 е семеен бизнис со повеќедецениска традиција во производството на високо квалитетна трикотажна облека и ХТЗ (заштитна работна) опрема. Компанијата е основана во 1971 година и повеќе од 50 години успешно го гради својот бренд врз основа на квалитет, сигурност и доверба.

Нашето производство опфаќа машка и женска облека, меѓу кои т-схирт маици, поло маици, тренерки, дуксери, блузи и други текстилни производи изработени од памук и мешавина од памук и полиестер. Посебно внимание посветуваме на изборот на материјали и квалитетната изработка, со цел да обезбедиме комфорни, издржливи и функционални производи.

Како семеен бизнис, знаењето, искуството и вредностите се пренесуваат од генерација на генерација. Нашиот тим од професионалци е вклучен во сите фази на производството – од дизајн и кроење, до финална контрола на квалитет – со посветеност на деталите и постојано унапредување на процесите.

ВЕТЕРАНИТЕ ОСТАНУВААТ НАЈДОБРИ! ПРОВЕРЕНО!
ВЕТЕРАНИТЕ ОСТАНУВААТ НАЈДОБРИ! ПРОВЕРЕНО!
Светски стандард

Квалитет и дизајн

Нашиот дизајн и квалитет се усогласени со светските стандарди, а нашата визија е воспоставување долгорочна и стабилна соработка со клиентите и партнерите, темелена на професионалност, доверба, висок квалитет и современ дизајн и стил.